Американскиот државен секретар вели дека секогаш има вредност во дипломатијата ако инволвираните страни, во овој случај Русија, се навистина заинтересирани за значајна дипломатија. Но, она што го воделе неодамна, нагласува тој, е токму спротивното
Вашингтон не гледа знаци дека Москва е заинтересирана да преговара за крај на војната во Украина, вели државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, јавуваат агенциите.

Американскиот државен секретар изјави дека секогаш има вредност во дипломатијата ако инволвираните страни, во овој случај Русија, се навистина заинтересирани за значајна дипломатија. Но, она што го воделе неодамна, нагласува тој, е токму спротивното.
Според Блинкен, Путин ја смени тактиката откако претрпе неуспеси на бојното поле.
„Тој не успеа да победи на бојното поле, па затоа презема, го насочува својот гнев и оган кон украинските цивили, ја напаѓа енергетската инфраструктура, се обидува да ги исклучи светлата, да ја исклучи топлината, да ја исклучи струјата. Тоа се случува… Значи, доколку Путин не покаже дека навистина е заинтересиран за значајна дипломатија, тешко дека ќе се постигне нешто“,
рече Блинкен на „Фејс д нејшн“ (Face The Nation), на Си-би-ес.
Во последниве недели фокусот на руската војска беше ставен на нападите врз украинската инфраструктура низ целата земја, предводејќи ја офанзивата во градот Бахмут во регионот на Донецк и гранатирајќи го градот Херсон, кој украинските сили го ослободија минатиот месец по осуммесечната руска окупација.
Американскиот претседател Џо Бајден на 1 декември посочи дека ќе биде подготвен да разговара со Путин доколку рускиот лидер покаже дека е сериозен за ставање крај на инвазијата.
„Подготвен сум да разговарам со г. Путин ако навистина постои интерес тој да одлучи да бара начин да стави крај на војната“,
рече Бајден, кој допрва треба да го направи тој потег.
Шефот на американската разузнавачка служба Аврил Хејнс изјави дека борбите во руската војна во Украина се одвиваат со „намалено темпо“ и оцени дека украинските сили би можеле да имаат подобра перспектива на фронтот во наредните месеци.
Британското Министерство за одбрана, во својата последна разузнавачка проценка, објавена вчера, укажа на новите знаци од независните руски медиуми дека јавната поддршка во Русија за воената кампања „значително паѓа“.
Рускиот информативен информативен портал кој работи од странство – „Медуза“ објави дека дошол до неодамнешно доверливо истражување на јавното мислење спроведено од Федералната служба за заштита, која е одговорна за чување на Кремљ и обезбедување на највисоките владини функционери.
Истражувањето, нарачано од Кремљ, покажа дека 55 отсто од испитаниците ги поддржуваат мировните преговори со Украина, додека 25 отсто сакаат војната да продолжи, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.