Полициски службеници синоќа привеле 31 годишен жител на скопско Арачиново, поради закани упатени кон вработени во интернет портал.
Како што соопшти МВР, приведениот се сомничи дека ден претходно, по електронски пат, испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст.
„Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
велат од МВР.