УХМР прогнозира претежно облачно време и во наредните денови, но со релативно високи утрински температури. В недела, пак, се најавуваат повремени врнежи од дожд
Денеска нè очекува претежно облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Според УХМР, минималната температура денеска ќе биде во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје се очекува времето да биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 9 степени.
УХМР прогнозира претежно облачно време и во наредните денови, но со релативно високи утрински температури. В недела, пак, се најавуваат повремени врнежи од дожд и умерен, долж Повардарието засилен југоисточен ветер.