Бајден во својот говор се осврна и на неодамна одржаните среднорочни избори на кои демократите ја задржаа контролата над Сенатот и го загубија Претставничкиот дом негирајќи дека републиканците се на „црвен бран“
Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белата куќа помилува две мисирки со потекло од Северна Каролина во Роуз Гарден продолжувајќи ја традицијата на Денот на благодарноста која датира со децении.
Традиционално, милиони мисирки в четврток ширум земјата ќе завршат на масата за Денот на благодарноста, а со овој чин Бајден ги поштеди животите на мисирките по име Чоклет и Чип.
Двете мисирки се тешки околу 21 килограм, а животот ќе го продолжат на Државниот универзитет во Северна Каролина.
Бајден во својот говор се осврна и на неодамна одржаните среднорочни избори на кои демократите ја задржаа контролата над Сенатот и го загубија Претставничкиот дом негирајќи дека републиканците се на „црвен бран“.
„Гласовите се дадени. Преброени и потврдени. Нема полнење со гласачки ливчиња. Единствениот црвен бран ќе биде ако Командантот го истури сосот од брусница“,
рече Бајден мислејќи на своето куче, германски овчар кој гласно лаеше од балконот на Белата куќа.
Милиони мисирки ќе бидат на трпезата за Денот на благодарноста, премачкани во сос, со компири или грашок.