Беше издадено предупредување за цунами и на жителите им беше наредено да се оддалечат од брегот на повисоките места
Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди синоќа грчкиот остров Крит, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) на Твитер. На жителите им е издадено предупредување за цунами. Засега нема информации за причинета штета.
Според ЕМСЦ, земјотресот се случил во 01:25 часот, а епицентарот бил во морето на околу 60 километри североисточно од градот Ситеја на Крит, кој се наоѓа на североисточната страна на островот.
Беше издадено предупредување за цунами и на жителите им беше наредено да се оддалечат од брегот на повисоките места.
Засега нема информации за причинета материјална штета од земјотресот.
🗨Eyewitnesses are saying: 'Στο Σίσι Λασιθίου κουνηθήκαμε α�[…]' Felt the #earthquake too? Share your experience and read others' at:
— EMSC (@LastQuake) November 20, 2022
📱https://t.co/LBaVNedgF9
🌐https://t.co/mpV3YYHYc3 pic.twitter.com/FnFCzVbi8w