Димовски побара седницата да биде затворена за јавност поради класифицираноста на информациите што ќе ги изнесе. Комисијата по гласањето одлучи да го прифати барањето на директорот на АНБ и ја затвори седницата за јавноста
Инаку, Димовски побара под точката разно да се произнесе и околу обвинувањата дека АНБ ги злоупотребува средствата и ресурсите за следење на опозицијата. Вакви тврдења неодамна изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, пристигна во Собранието каде што денеска треба да сведочи за улогата на Агенцијата околу давањето македонско државјанство на Украинецот Олександр Онишченко.





Димовски не сакаше да даде изјава пред почетокот на седницата и најави дека ќе се обрати пред медиумите по нејзиното завршување. Во моментов сите се во салата 4 каде се одржува седницата.
Димовски побара седницата да биде затворена за јавност поради класифицираноста на информациите што ќе ги изнесе. Комисијата по гласањето одлучи да го прифати барањето на директорот на АНБ и ја затвори седницата за јавноста.
Инаку, Димовски побара под точката разно да се произнесе и околу обвинувањата дека АНБ ги злоупотребува средствата и ресурсите за следење на опозицијата. Вакви тврдења неодамна изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов даде пауза од 15 минути со потсетување дека на седницата можат да присуствуваат само пратеници со безбедносен сертификат.
Инаку, Комисијата е за надзор на работата на Агенција за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР).