Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот денот ќе има повремен дожд и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени
Времето денеска во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Денеска претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот денот ќе има повремен дожд и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица, како што информираат од УХМР, ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.
Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец. Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.