Во моментов границата помеѓу двете земји главно е обележана со знаци и пластични ознаки, а целта на кревањето ограда е Финска да ја зголеми подготвеноста за хибридните закани, како што е потенцијалниот масовен прилив на мигранти

Владата на Финска денеска и официјално предложи да се изгради ограда на делови од границата со Русија која е долга 1 300 километри.
Оградата ќе чини 139 милиони евра и нејзиното кревање ќе биде исполнување на ветувањето кое финските власти го дадоа кога Русија започна воена агресија врз Украина во февруари годинава.
Финската гранична стража соопшти дека планира да изгради огради од 130 до 260 километри, покривајќи 10 до 20 отсто од границата, фокусирајќи се првенствено на граничните премини и околните области во југоисточниот дел на земјата.
Сега границата помеѓу двете земји главно е обележана со знаци и пластични ознаки, а целта на кревањето ограда е Финска да ја зголеми подготвеноста за хибридните закани, како што е потенцијалниот масовен прилив на мигранти.