Република Српска мора да има патриотски одговор од сите политички фактори за прашања кои се важни за РС и нема место за предавници. Овде се поставува прашањето дали си Србин или не, ако не си – тогаш си предавник, напиша Додик на Инстаграм
Милорад Додик, лидерот на СНСД, на Инстаграм ги нарече предавници сите граѓани на Република Српска кои не се Срби.
„Република Српска мора да има патриотски одговор од сите политички фактори за прашања кои се важни за РС и нема место за предавници. Овде се поставува прашањето дали си Србин или не, ако не си – тогаш си предавник“,
напиша Додик на Инстаграм.
Додик додаде дека никој не бара СДС да биде дел од поширока коалиција и наведе дека причината за тоа е што „СДС е губитничка политичка партија која на изборите добила јасна порака од граѓаните за своите постапки“.
„Сега се обидуваат да се издигнат со партиски промени, но јасно е дека ќе останат маргинална партија“,
напиша Додик.
Според него единствената голема и најважна политика е Република Српска.
„Доаѓа тешко време и најважно е да осигураме дека Народното собрание ќе биде место каде ќе бидат стопирани сите штетни одлуки што два члена на Претседателството ќе ги поднесуваат бидејќи ако тоа не го спречиме Република Српска губи. Ако тие сакаат да бидат дел од тој губиток, нека бидат“,
додава Додик на Инстаграм.