На почетокот на разговорот, според АП, Бајден рекол дека тој и кинескиот претседател имаат одговорност да покажат дека нивните земји можат да управуваат со разликите и да идентификуваат области на меѓусебна соработка
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг на почетокот на средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека Кина и САД треба да ја сфатат историјата како огледало за да ја водат иднината.
Како што пренесе Синхуа, Си рекол дека Бајден и тој, лидерите на двете големи земји, мора да го зацртаат вистинскиот курс и да ја најдат вистинската насока за билатералните врски, како и да ги подобрат односите.
На почетокот на разговорот, според АП, Бајден рекол дека тој и кинескиот претседател имаат одговорност да покажат дека нивните земји можат да управуваат со разликите и да идентификуваат области на меѓусебна соработка.
Ѓинпинг додал дека е подготвен за искрена и длабинска размена на мислења со Бајден и дека се надева дека двајцата ќе ги подигнат односите.
Си и Бајден се сретнаа на Бали пред самитот на лидерите на Г-20. Средбата започна со ракување.
Тоа е прва директна средба меѓу двајцата лидери откако Бајден беше избран за претседател на САД. Двајцата лидери претходно разговарале пет пати по телефон или преку видео врска.