Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, а во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе ќе бидат пообилни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува засилен, повремено силен ветер, со брзина и над 65 километри на час, од југоисточен правец.
Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време, претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 20 степени Целзиусови.
Викендов, според УХМР ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни со над 35 литри на квадратен метар, особено денеска во ноќните часови и утре претпладне. Дневната температура утре значително ќе опадне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.