До неделата се очекува дневната температура да опадне за околу 10 степени

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, најавува УХМР.
До крајот на денот пак, од запад ќе се прошири значително наоблачување.
Во Скопје ќе сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Минималните температури денеска ќе бидат од 0 до 8, а максималните од 19 до 24 степени.
Во текот на викендот, пак, ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне. Се очекува наместа да наврне и над 35 литри на квадратен метар.
Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер со над 65 километри на час од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени.