Министерот за здравство Венко Филипче објави вечерва на својот фејсбук профил дека ја поздравува одлуката на претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба. Сега, како што посочува Филипче, владата ќе може брзо и ефикасно да управува со ресурсите на државата и навремено да реагира на предизвиците кои ни претстојат и на здравствен и на економски план.
Филипче објаснува на и дека вонредна состојба значи дека владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа, вели, се олеснува работата на владата во време на кризи и таа може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно, односно преку носење уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.
Министерот појаснува дека засега нема одлука за воведување полициски час или за ограничување на движењето. Исто така, посочува дека во државата има доволно резерви и на храна.
„Останете во своите домови, не излегувајте доколку немате потреба и купувајте онолку колку што ви треба. Придржувајте се до мерките и препораките. Само тако побрзо и полесно ќе ја надминеме оваа состојба“,
пишува Филипче.