Кривична пријава за М.З. (53) од кичевското село Пласница поради сторено казнено дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Како што соопшти МВР, тој утрово во 8.45 часот е забележан како управува патничко возило „фиат пунто“, со кичевски регистарски ознаки, на регионалниот пат Македонски Брод -Кичево, по што полициски службеници го сопреле возилото.
Притоа е утврдено дека М.З. на 16.3.2020, на граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Република Словенија, која според Листата од СЗО е зафатена од епидемијата со коронавирусот и дека во времетраење од 14 дена во неговиот дом, во с. Пласница, ќе спроведе задолжителна самоизолација.
Пријавениот не се придржувал до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирусот, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.
*ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Обвинителство бара казна од 2.000 евра за две лица за прекршување на самоизолацијата
Обвинение за струмичанки што ја прекршиле изолацијата по враќањето од Италија