Нема опасност од ширење на пожарот
Денеска околу 15 часот пријавен е пожар на запалена сува трева и трска спроти бензинската пумпа „Пелагонија петрол“ на влезот во Битола од страната на Прилеп.
Меѓутоа, како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот е веќе ставен под контрола и нема можност за негово ширење.
Во гаснењето на пожарот интервенираат двајца пожарникари со едно противпожарно возило.
Од страна на командирот на ТППЕ Битола е побарано исклучување на електрична енергија на наведената локација за да можат пожарникарите непречено да интервенираат.
(Фото: Архива)