Министерот Бектеши не сакаше да открие за колкава сума пари станува збор, но кажа дека повеќе детали и одговор од Европската комисија ќе се очекуваат во текот на наредната недела кога претседателката на комисијата Фон дер Лајен ќе биде во посета на земјава
Во вечерашното гостување во емисијата „24 Оворено“ на Телевизија 24, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека утре до Европската комисија ќе бидат испратени барања за директна помош за индустријата, како и барање за кофинансирање на проектите и субвенциите за сите домаќинства и компании.
„Утре ќе ги доставиме нашите барања во делот на поддршката што треба да ја добиеме од Европската комисија. Нашите барања ќе бидат за директна помош за индустријата, за тие што се на слободниот пазар, и директна помош со кофинансирање на ЕК, заедно со буџетот на државата за поддршка на малите потрошувачи. Ќе ја прошириме листата на ранливите категории од 1 јануари со поддршка на ЕУ. Ќе бараме кофинансирање на проектите или, пак, за сите домаќинства или мали и микро компании кои ќе направат инвестиции на нивните покриви. Сето ова утре ќе биде испратено до ЕК“,
најави Бектеши во емисијата „24 отворено“.

Министерот додаде дека очекува Европската комисија и воопшто Европската Унија да даде поголема поддршка за нас, зашто, како што рече, ние направивме големи отстапки се со цел да бидеме дел од ЕУ.
Бектеши не сакаше да открие за колкава сума пари станува збор.
„Не би сакал да навлегувам во сумите зошто утре ќе го пратиме писмото до ЕК“,
рече Бетеши, додавајќи дека во моментот кога ќе се добие одговорот од Комисијат
Тој додаде дека во моментот кога ќе се добие одговорот од Комисијата тогаш и ќе биде објавен, а најверојатно, како што кажа, тоа ќе биде наредната недела бидејќи тогаш претседателката на Комисијата, Фон дер Лајен, доаѓа во посета на земјава и може ќе објави што ќе следи како помош од ЕК.