Ракетата „Тајфун“ била лансирана околу 7 часот утринава по локално време од локација на Министерството за национална одбрана на аеродромот Ризе-Артвин. Блумберг објави дека проектилот прелетал 561 километар пред да падне на брегот на турската црноморска област Синоп, што значи двојно поголем дострел од турската ракета „Бора“
Турција соопшти дека успешно тестирала домашно развиена балистичка ракета со краток дострел „Тајфун“ над Црното Море, објави турската телевизија Си-ен-ен Турк.

Ракетата „Тајфун“ била лансирана околу 7 часот утринава по локално време од локација на Министерството за национална одбрана на аеродромот Ризе-Артвин. Блумберг објави дека проектилот прелетал 561 километар пред да падне на брегот на турската црноморска област Синоп, што значи двојно поголем дострел од турската ракета „Бора“.
Пробното лансирање го извршила турската компанија РОКЕСТАН во рамките на проектот за развој на ракетниот систем „Тајфун“ на Управата за одбранбена индустрија.
Турција во последните години ги зголеми напорите да создаде сопствено одбранбено производство и е во процес на реализација на различни проекти – од самооден борбен тенк до беспилотен борбен авион.
Во 2017 година, Турција, членката на НАТО, го купи рускиот систем за противракетна одбрана С-400, што наиде на критики од Алијансата. Поради тоа, САД ја исклучија Анкара од заедничката програма за развој на Ф-35.