Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 14 октомври 2022 г. на ТВ Алсат
Со премиерот Димитар Ковачевски разговараме за неговата посета на Абу Даби најавена за во вторник низ призмата на неодамна усвоените владини мерки и препораки за намалување на расходите, кои вклучуваат токму редуцирање на трошоците при патувања дома и во странство за најмалку 20%, како и низ призмата на штотуку одобрениот кредит од ММФ. Го прашуваме премиерот дали причината за доцнењето на кредитот од ММФ, побаран уште во април, била забелешка на влијателна членка на ЕУ и на НАТО за заобиколувањето на законот за јавни набавки при ангажирањето на „Бехтел и Енка“. Една од темите се и односите со ДУИ, забелешките дека СДСМ е сервилен во тие релации и можноста за заеднички настап на следните избори. Зборуваме и за т.н. балансер.