Освен за нормализација на односите, Лајчек и Курти разговарале и за енергетиката и регистарските таблички

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак на средба со косовскиот премиер Албин Курти разговарале за „патот кон нормализација на односите“ меѓу Косово и Србија, како и за енергетиката и регистарските таблички.
„Разговаравме бидејќи, како што знаете, рокот за промена на регистарските таблички истекува на 31 октомври и многу е важно ние и Европската Унија да знаеме какви се плановите и да спречиме можна ескалација на ситуацијата“,
рече Лајчак.
Тој изрази надеж дека ќе се постигне напредок во нормализацијата на односите пред изборите во 2024 година во САД и во Европската унија.
„Секој ден е важен, имаме единствен календар. Ние сме во сојуз со САД и Велика Британија. Сакаме да видиме дијалог кој произведува нормализација. Изборите во САД се во 2024 година, а потоа во ЕУ. Не велам дека следната е решавачка година, но имаме добра можност пред избори“,
изјави Лајчак.
Лајчек информира дека в понеделник, на 17 октомври, ќе отпатува во Белград со истата агенда, а ќе продолжат контактите и со Курти.
Во краткото обраќање пред медиумите по средбата со Курти, Лајчак го нагласи и вклучувањето во барањето решение за косовско-српските спорови на францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар, Олаф Шолц, како и на американскиот државен секретар, Антони Блинкен.
Покрај со Курти, европскиот посредник се сретна и со главниот преговарач на Приштина, Беснил Бисљоми.