„Сето тоа е според нашите документи. Ако нивото на закана го достигне сегашното ниво, почнуваме да ја користиме државната унија“, изјавил Лукашенко
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија и Русија ќе распоредат заеднички воени единици на западните граници на земјата како одговор на, како што рече, „ескалацијата на тензиите“, објави државната новинска агенција Белта.
Ројтерс пренесува дека агенцијата ја цитира изјавата на Лукашенкo дека двете земји ќе распоредат регионална воена група, a почнале да собираат воени сили пред два дена, очигледно по експлозијата на мостот на Крим.
Руската државна агенција РИА новости пренесува дека Лукашенко рекол:
„Сето тоа е според нашите документи. Ако нивото на закана го достигне сегашното ниво, почнуваме да ја користиме државната унија“,
објави Индекс.