Најголемата светска компанија за електронска трговија „Амазон“ ќе вработи 100 илјади Американци за да може да одговори на огромниот пораст на он-лајн нарачки предизвикан од ширењето на коронавирусот, пренесе американската телевизија НБЦ.
Откако властите во САД им препорачаа на своите жители да останат дома и што е можно повеќе да ја користат он-лајн трговијата, забележан е рапиден раст на нарачките. За да ги задоволи потребите на своите клиенти, од „Амазон“ решиле да го зголемат бројот на работници за испорака на нарачаните намирници и продукти.
Освен тоа, раководството на Амазон решило да одвои 350 милиони евра за зголемување на платите на своите вработени. Тие, додека трае пандемијата на коронавирусот, за секој работен час ќе добиваат по два долара повеќе.