Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени
УХМР информира дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.
„Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст“,
информира УХМР.
За време на викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.