Татко ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа се самоубил во стан во населбата Војнички трг во Вршац, известува РТС.

Убиството и самоубиството се случиле денеска околу 14 часот кога таткото М.Б (35) најверојатно ја убил својата двегодишна ќерка во стан во населбата, а потоа се самоубил.
Вишиот јавен обвинител од Панчево се уште е на терен.
Точната причина за смртта ќе ја утврди обдукцијата, која ќе биде извршена утре во болницата во Вршац.
Трагедијата ја пријавила сопругата која е во постапка на развод од М.Б. Таа денска во полицијата рекла дека сопругот и испратил порака дека ќе го убие девојчето и себеси.