Потрагата по телото на Ердон Рамадани траеше пет дена, а во неа беа вклучени претставници на повеќе институции со нуркачи и кучиња трагачи, а се пребаруваше и со хеликоптер. Неговото тело било најдено утринава од страна на полицајци од СВР Тетово во водите на Вардар кај бетонскиот мост на касарната Еребино
Утринава околу 10.40 часот во водите на Вардар беше најдено безживотно тело на маж, а по идентификацијата од страна на семејството е утврдно дека станува збор за двaесет и двегодишниот Ердон Рамадани кој на 27 септември со возило марка „фолксваген голф“ излета од мост во реката Вардар кај селото Желино.

„По наоѓањето на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. Извршен е преглед од лекар на Судска медицина, додека јавен обвинител наредил обдукција на телото“,
информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Потрагата по телото на Ердон Рамадани траеше пет дена, а во неа беа вклучени претставници на повеќе институции со нуркачи и кучиња трагачи, а се пребаруваше и со хеликоптер.
Неговото тело било најдено утринава од страна на полицајци од СВР Тетово во водите на Вардар кај бетонскиот мост на касарната Еребино.