Оваа година се пријавени над 8 500 учесници од 47 земји низ светот
Скопскиот маратон кој традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, се организира со поддршка на бројни спортски клубови и асоцијации, а под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската Унија.
На 18-тиот по ред Скопски Маратон оваа година се пријавени над 8 500 учесници од 47 земји низ светот. Од Градот Скопје, велат дека покрај тоа што финансиски ја поддржуваат оваа спортска манифестација, која ги промовира градот Скопје и Македонија како спортска и туристичка дестинација, исто така овозможува и логистичка поддршка од градските јавни претпријатија со цел успешно одржување на годинешниот Скопски маратон.