Смртните случаи се регистрирани во период од 16 август до 9 септември. Починатите биле на возраст од 80 до 83 години
Во моментов во државата активни се 726 случаи од кои 389 се во Скопје, а шест градови се без ниту еден ковид-случаи во моментов
Во последните 24 часа направени се 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 6, Куманово и Штип – по 5, Велес – 4, Охрид и Крива Паланка – по 2, Тетово, Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (97), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистриран e и 61 оздравен пациент од: Скопје – 30, Битола – 6, Куманово и Охрид – по 4, Прилеп и Берово – по 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица, но согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се четири починати од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 – 83 години. Две лица се починати во болнични услови и две во домашни услови. Четирите смртни случаи се регистрирани во период од 16.08.2022 до 09.09.2022.
Активни се 726 случаи: Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341 986, бројот на оздравени пациенти е 331 740, на починати е 9 520, а бројот на активни случаи изнесува 726.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 160 833, Активни 389
- Куманово 18 171, Активни 37
- Битола 17 873, Активни 39
- Прилеп 15 445, Активни 38
- Тетово 14 444, Активни 12
- Кавадарци 12 048, Активни 32
- Велес 10 764, Активни 22
- Охрид 10 287, Активни 19
- Гостивар 10 273, Активни 7
- Струмица 8 771, Активни 8
- Штип 8 733, Активни 18
- Кичево 6 062, Активни 4
- Кочани 5 544, Активни 12
- Струга 5 172, Активни 6
- Гевгелија 4 868, Активни 5
- Неготино 4 131, Активни 14
- Ресен 3 018, Активни 11
- Радовиш 2 831, Активни 6
- Свети Николе 2 793, Активни 0
- Крива Паланка 2 656, Активни 6
- Делчево 2 182, Активни 9
- Берово 1 870, Активни 8
- Дебар 1 812, Активни 1
- Валандово 1 600, Активни 2
- Виница 1 477, Активни 0
- Пробиштип 1 299, Активни 1
- Кратово 1 117, Активни 7
- Богданци 1 100, Активни 1
- Крушево 1 037, Активни 8
- Демир Хисар 927, Активни 2
- Македонски Брод 798, Активни 2
- Демир Капија 628, Активни 0
- Македонска Каменица 534, Активни 0
- Пехчево 518, Активни 0
- Дојран 370, Активни 0