Во последните 24 часа во Грција регистрирани се 38 нови случаи на коронавирус, а бројот на жртви се искачи на тројца
Грчките власти со засилени контроли ги гонат лицата што не се придржуваат до препораките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Околу 45 лица деновиве биле уапсени поради непочитување на забраната за работа, јави дописничката на МИА од Атина.
Најголем дел од упасените се лица кои продолжиле со работа во нивните објекти за кои важат превентивните мерки меѓу кои има кафулиња, фризерски салони и салони за убавина и училишта за дополнителна настава за ученици.
-Контролите продолжуваат со голем интензитет со цел да се заштити јавното здравје“,
порача грчката полиција.
Во меѓувреме, во Грција регистрирани се 38 нови случаи на заболени од коронавирусот во последните 24 часа. Бројот на жртви пак, се искачи на тројца, откако починаа уште двајца мажи од Закинтос и Птолемаида.
Грчкото обвинителство веќе започна истраги и против сите граѓани кои треба да се во домашна изолација, а за кои имало дојави дека излегуваат од дома.