Ниту во изминатото деноноќие ниту според регистарот на починати од „Мој термин“ не се пријавени починати лица како резултат на компликации со коронавирусот
Во последните 24 часа направени се 977 теста, а регистрирани се 179 нови случаи на ковид-19, од кои 57 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство
Најголем дел од новозаразените се во Скопје се 97, Кавадарци и Велес – по 9, Битола и Прилеп – по 8, Куманово и Берово – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Кратово – 3, Охрид, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 2, Кичево, Струга, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 175 оздравени пациенти од: Скопје – 93, Битола – 19, Прилеп и Кавадарци – по 12, Куманово – 11, Гевгелија – 5, Гостивар – 4, Велес, Струмица, Крива Паланка и Кратово – по 3, Кочани – 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 155 071 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330 328, на починати е 9 499, а бројот на активни случаи изнесува 1 300.