Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани четири починати лица на возраст од 73 до 82 години
Во текот на изминатите 24 часа се направени 892 теста, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19, од кои 55 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дела од новозаразените се во Скопје – 96, Битола – 13, Берово – 8, Кавадарци – 7, Делчево – 6, Куманово, Тетово, Гостивар и Штип – по 5, Прилеп, Охрид и Кичево – по 4 Кочани, Ресен, Свети Николе и Крива Паланка – по 3 Велес и Гевгелија – по 2, Струмица, Неготино, Валандово, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 307 оздравени пациенти од: Скопје – 157, Куманово – 21, Битола – 20, Велес – 15 , Делчево – 13, Прилеп – 11,Тетово – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Берово и Кавадарци – по 5, Гостивар, Штип, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 4,Богданци – 3, Кичево, Ресен, Струмица, Дебар и Крушево – по 2, Струга, Радовиш и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (74г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани четири починати лица, од Битола, Ресен, Радовиш и Охрид, починати во период од 3 до 25 август 2022 година. Починатите се на возраст од 73 до 82 години. Двајца од починатите се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2 152 786 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340 695, бројот на оздравени пациенти е 329 741, на починати е 9 495, а бројот на активни случаи изнесува 1 459.
