Рот денеска беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а оствари средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски
Пратеникот од германскиот Бундестаг воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика Михаел Рот, пред денешните средби со државниот врв и во Парламентот во Скопје на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците.
„Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но, вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!“,
напиша на Рот на Твитер.
Германскиот пратеник Рот е на средба со претседателот Стево Пендаровски, по што треба да се сретне и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи Антонио Милошоски.
Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.
