Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се покачува за два денара, што е поскапување за пет денари во рок од два дена, откако вчера литар дизел поскапи за три денари. Од полноќ литар еуродизел ќе се продава за 98,5 денари
Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се покачува за два денара, што е поскапување за пет денари во рок од два дена, откако вчера литар дизел поскапи за три денари.
Покрај дизелот, од ноќеска на полноќ цената на мазутот се покачува за 1,292 денара, додека, пак, цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, од полноќ еуросупер БС-95 ќе чини 89 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе биде 91,5 денари, цената на еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 98,5 денари за литар. Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) ќе чини 93 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава за 52,978 денари за килограм.
Со оваа одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто во однос на вчерашната одлука.
