Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е позитивен на новиот коронавирус, објави „Гардијан“.

Болсонаро е тестиран поради сомнеж дека е инфициран со ковид-19 бидејќи минатиот викенд во Палм Бич во Калифорнија, каде што бил на вечера со американскиот претседател Доналд Трамп, во неговата делегација се наоѓал секретарот за односи со јавност Фабио Вајнгартен, кај кого вчера е потврдено дека е позитивен на коронавирусот.
Меѓу последните информации за состојбата во светот со коронавирусот, е и веста дека Шпанија е пред прогласување вонредна состојба.
Секој момент се очекува вонредно обраќање на премиерот Педро Санчез. Состојбата на подготвеност, претставува прв од трите степени на вонредна состојба во земјата.
Првата фаза ќе трае 15 дена, за кое време ќе се прават подготовки за евентуална изолација или евакуација на населението.
Соседот на Шпанија, Португалија денеска прогласи вонредна состојба на цела територија, со траење до 9 април 2020 година. Таму се евидентирани 112 случаи на заболени од ковид-19, од кои дури 34 во последното деноноќие.