61-годишен работник од Демир Капија загина откако се повредил при изведување на работните задачи. МВР соопшти дека инцидентот се случил во селото Тимјаник близу Неготино. Но, во соопштението нема повеќе детали што точно работел работникот и како се повредил, единствено дека се здобил со повреди и починал при извршување на работни задачи.
„Вчера во 11:30 часот било пријавено дека во с. Тимјаник-неготинско, И.Ѓ.(61) од Демир Капија, вработен во фирма од Неготино, при изведување на работни задачи, се здобил со повреди и починал. Со Итна медицинска помош од Неготино бил пренесен во Општата болница во Кавадарци каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен е увид од екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.“,
се вели во краткото соопштение.
