Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 0,91% во однос на претходната одлука.
Со новата одлука, ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 92 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, односно 88,50 денари, како и цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 кој се продава за 91 денар, додека пак, цената на маслото за горење за 88,5 денари и мазутот за 52,8 денари.