Првата бивалентна вакцина на Модерна против корона вирусот е одобрена за употреба во Обединетото Кралство. Вакцината, како што соопшти британската регулаторна агенција за лекови, делува против две варијанти на коронавирусот – оригиналната од 2020 и омикрон сојот.
Според клиничките истражувања, секоја доза на бустер вакцината добро делувала со силен имунолошки одговор на двете варијанти на коронаворусот, како и на двата поттипа на Омикрон, се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на британската влада.
„Имам чест да објавам дека е одобрена употреба на бустер бивалентна вакцина на Модерна, што во клиничките истражувања покажа дека предизвикува силен имунолошки одговор против Омикрон БА1 варијантата , како и против оригиналниот сој од 2020“
изјави Џун Рејн, шеф на Регулаторната агенција за лекови.
Вакцината е одобрена за употреба за лица над 18 години. Според соопштението вакцината ги исполнува стандардите на британскиот регулатор за безбедност, квалитет и ефикасност, се нагласува во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада.