Надлежните апелираат граѓаните што ќе имаат некаков притисок на работното место да пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31
Министерството за здравство објави листа со дијагнози и хронични болести за лицата што согласно владините препораки за превенција од коронавирусот треба да бидат ослободени од работа. Сите што спаѓаат во некоја од следниве категории, без разлика дали се во државниот или приватниот сектор, на работното место треба да приложат потврда од матичен лекар и да добијат платено отсуство од работа до 24 март.
Хронични респираторни заболувања:
ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44
Астма – J45
Интестицијална фиброза – Ј84
Тешки кардиоваскуларни заболувања:
Срцева слабост со EF<40
Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци
Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија
Тешка аортна и митрална стеноза
Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци
Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци
Длабока венска тромбоза до 3 месеци
Дијабетес мелитус:
Дијабетес тип I
Дијабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ
Сите малигни заболувања – C00-C97
5. Имунокомпромитирачки состојби:
Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0
Хроничен нефротичен синдром – N04.9
Интермитентна хемодијализа – Z99.2
Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00
Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34
Надлежните апелираат сите граѓани што ќе имаат некаков притисок на работното место да пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.
Поврзани вести: