Во последното деноноќие има 600 нови случаи на коронавирус, починале шест лица, а дополнително во периодот од 16.7.2022 до 8.8.2022 регистрирани се уште четири починати од ковид-19
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од Министерството за здравство (МЗ) информираат дека во последните 24 часа се направени 1 317 теста, а регистрирани се нови 600 случаи на ковид-19.
Од МЗ наведуваат дека во последниве 24 часа од ковид починале шест лица, а дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се регистрирани уште четири починати во периодот од 16.07.2022 – 08.08.2022.
По градови новозаболените се од: Скопје – 229, Охрид – 46, Битола – 38, Куманово – 35, Прилеп – 30, Тетово – 26, Велес – 25, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Гостивар – 19, Штип – 17, Радовиш – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Струга, Крива Паланка, Делчево, Берово и Дебар – по 5, Богданци и Кратово – по 4, Ресен, Крушево и Пехчево – по 3, Кичево, Виница и Пробиштип – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Од Министерството за здравство наведуваат дека од вкупниот број нови позитивни случаи (600), регистрирани се 134 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 6 починати лица од: по 2 починати лица од Скопје (66 и 75) и Охрид (83 и 83) и по едно починато лице од Ресен (72) и Радовиш (72). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани и 4 починати лица од: Кочани (85), Струга (69), Куманово (72) и Кичево (62). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 – 08.08.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 133 045 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333 948, бројот на оздравени пациенти е 320 449, на починати е 9 410, а бројот на активни случаи изнесува 4 089 лица.
