Во утринската информација, од ЦУК известија дека активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула каде што гори борова дабова шума и ниска вегетација, а на терен е едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“
Четворица пожарникари со едно противпожарно возило во моментов интервенираат на гаснење на пожар на отворен простор с.Шупли Камен (Отланац), кумановско, каде гори сува трева, соопштија предмалку од Центарот за управување со кризи.
Пожарот кој избувна позади бензинска пумпа „Детоил“ на автопатот Куманово кон грачниот премин Табановце каде гореше сува трева е изгаснет.
Во утринската информација, од ЦУК известија дека активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула каде што гори борова дабова шума и ниска вегетација, а на терен е едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.
Според пресекот направен до 7 часот утринава преку дежурниот оперативен вентар на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие биле изгаснати 26 пожари низ државата. Шест од пожарите биле во Скопје и околината.