Ова е одговор на Москва на уште едно проширување на санкции од страна на Канада на 27 јуни и 7 јули оваа година, кои овојпат, покрај официјални лица, опфатија и новинари и експерти и патријархот на Москва и на цела Русија Кирил
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воведе забрана за влез на територијата на Русија за 62 канадски државјани како одговор на антируските санкции од страна на властите во земјата.
Како одговор на уште едно проширување на санкциите од страна на Канада на 27 јуни и 7 јули оваа година, кои овојпат, покрај официјални лица, опфатија и новинари и експерти и патријархот на Москва и на цела Русија Кирил, на 62 канадски државјани им беше изречена забрана за влез во Руската Федерација, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесе Интерфакс.
На списокот се и вработени во кабинетот на вицепремиерката на Канада Кристи Фриленд и во Министерството за надворешни работи.
Претходно денеска, Русија прогласи за персона нон грата 14 бугарски дипломати како одговор на протерувањето на 70 руски дипломати од Амбасадата на Русија во Софија на крајот на јуни.