Потегот на ЕК следува откако Европската медицинска агенција (ЕМА) препорача употреба на вакцината „Имванекс“ против мајмунските сипаници
Претходно, вакцината беше одобрена на ниво на ЕУ за заштита на возрасни лица од морбили
Европската комисија (ЕК) ја одобри вакцината „Имванекс“ против вирусот на мајмунски сипаници во Европската Унија (ЕУ), а употребата ја прошири и во Норвешка, Исланд, Лихтенштајн.
Портпаролот на Комисијата ја потврди одлуката откако фармацевтската компанија, „Баваријан Нордик“ информираше за одобрувањето на вакцината.
Потегот на ЕК следува откако Европската медицинска агенција (ЕМА) препорача употреба на вакцината „Имванекс“ против мајмунските сипаници.
Претходно, вакцината беше одобрена на ниво на ЕУ за заштита на возрасни лица од морбили.
ЕК неодамна соопшти за два договора за купување вкупно 163 620 дози од вакцината на „Баваријан Нордик“. ЕУ купи 110 000 дози во јуни, со тоа што 25 000 се веќе дистрибуирани во шест земји членки.
Унијата ги засилува плановите за јавното здравје за справување со вирусот, како што Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи избивањето на мајмунски сипаници во над 50 земји, за „вонредна состојба од меѓународна загриженост“.
Прогласувањето вонредна состојба е највисокиот аларм на СЗО за здравствени закани, но, нема непосредни последици. Целта е да се алармираат властите за да преземат дејствија со што ќе го заштитат своето население.
Болеста е карактеристична по осипот што наликува на мозолчиња или плускавци кои прво се појавуваат на лицето, за потоа да се формираат и на други делови од телото.