Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека потпишувањето на билатералниот протокол е крај на еден тежок процес за кој работеа властите во Северна Македонија и Бугарија и покрај безбројните внатреши и надворешни пречки.
Тој во објава на социјалната мрежа Фејсбук вели дека со билатералниот протокол Скопје и Софија се договорија за конкретните чекори за спроведување на Договорот за добрососедство и соработка.
„Бугарија заедно со сите држави од Европската Унија ќе продолжи да работи со нашите соседи од Албанија и Северна Македонија, заедно да го реализираме сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан“,
напиша Петков на Фејсбук.
Претходно денеска, шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска во Софија го потпишаа билатералниот протокол, еден од документите кои беа потребни да се постигнат пред почетокот на преговорите.
Протоколот беше потпишан во рамки на вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, согласно членот 12 од Договорот за добрососедство.
(ФОТО+ВИДЕО) Османи и Генчовска го потпишаа протоколот (360stepeni.mk)