Ниту традионаланата Галичка свадба не помина без актуелните политички случувања во Северна Македонија. Шефот на државата, Стево Пендаровски беше исвиркан од дел од граѓаните при неговото пристигнување, а според извиците може да се заклучи дека причината е неговата поддршка за францускиот предлог кој треба да ги одблокира македонските евроинтеграции.
Меѓутоа, на видеата објавени на социјалните мрежи освен свирежи се слушаат и аплаузи и скандирање на неговото име.
Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска денеска во Софија го потпишаа билатералниот протокол, еден од документите кои беа потребни да се постигнат пред почетокот на преговорите.
Протоколот беше потпишан во рамки на вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, согласно членот 12 од Договорот за добрососедство.
(ФОТО+ВИДЕО) Османи и Генчовска го потпишаа протоколот (360stepeni.mk)
