Уште утре ќе почнат консултациите во институциите и со повеќе општествени чинители, кажа премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата за францускиот предлог која се одржа вечерва
Историјата прашања кои се спорни меѓу Северна Македонија и Бугарија не се дел од преговарачката рамка, согласно денешниот француски предлог за надминување на разликите меѓу Скопје и Софија, а со цел старт на преговори на земјава со Европската унија. Информацијата беше една од најконкретните кои вечерва ги соопшти премиерот Димитар Ковачевски на прес-конфренцијата во Владата.

„Во однос на историските прашања, нашиот став е дека не можат да бидат дел од преговарачката рамка. И тоа е содржано во документот кој е стигнат до МНР“,
изјави Ковачевски.
Ковачевски додаде и дека последниот француски предлог добил „ДА“ од Бугарија, бидејќи источниот сосед веќе спровел консултативен процес. Кај нас, објасни премиерот, таков процес не бил спроведен бидејќи претходниот предлог бил непрафитлив за Владата. За денеска стигнатиот предлог, кажа Ковачевски, ќе има консултации.
„Ние водиме процес кој се однесува на Северна Македонија и тој ќе се одвива согласно нашето уредување… (Ќе трае н.з.) толку колку што е потребно време за да бидат информраини коалициските партнери, партиите, Собранието, вклучеитлно нели на медиумите и невладините организации“,
изјави Ковачевски.