Максималната температура денес ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 9
Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.