Стотици луѓе биле во трговскиот центар за време на нападот, за кој украинските власти велат дека биле користени проектили воздух-земја истрелани од бомбардери со долг дострел Ту-22
Руското министерство за одбрана пак, тврди дека пожарот во трговскиот центар во Кременчук бил предизвикан од детонацијата на складирана муниција за западно оружје
Бројот на загинати во ракетниот напад врз трговски центар во централниот украински град Кременчук се искачи на 18, а во моментов во тек се спасувачки мисии по исчезнати.

„Уште 36 лица се водат како исчезнати. Ја продолжуваме потрагата“ ,
информира Дмитро Лунин, шеф на воената управа на регионот Полтава, а јави Си-Ен-Ен.
Стотици луѓе биле во трговскиот центар неколку минути пред нападот, за кој украинските власти велат дека биле користени проектили воздух-земја истрелани од бомбардери со долг дострел Ту-22.

Украина ја обвини Русија дека намерно таргетира цивили, а претседателот Володимир Зеленски го нарече „еден од најбесрамните терористички акти во европската историја“.
Трговскиот центар, како што објави украинскиот претседател, не претставува никаква опасност за руската војска и не претставува никаква стратешка вредност за Русите.

Руското министерство за одбрана пак, тврди дека пожарот во трговскиот центар во Кременчук бил предизвикан од детонацијата на складирана муниција за западно оружје.
„Руските воздушни сили изведоа ракетен напад на хангари со оружје и муниција добиени од САД и европски земји. Како резултат на прецизните удари беа погодени оружје и муниција од западно производство наменети за украинските трупи во Донбас. Детонацијата на складираната муниција предизвика пожар во нефункционален трговски центар лоциран веднаш до фабриката“,
соопшти руското министерство за одбрана.
Во меѓувреме, пак, Европската унија соопшти дека го осудува нападот, нарекувајќи го „грозен чин“.

Лидерите на седумте најразвиени држави во светот (Г7) оценија дека се работи за „воено злосторство“ и најавија нови санкции за Москва.
„Неселективни напади врз невини цивили претставува воено злосторство“,
соопштија тие.
Францускиот претседател Емануел Макрон објави видео на Твитер снимено по и го осуди нападот.
Russia’s bombing of a shopping centre in Kremenchuk is an abomination. We share the pain of the victims’ families, and the anger in the face of such an atrocity. The Russian people have to see the truth:pic.twitter.com/7drortbGSE
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) June 27, 2022
„Ја споделуваме болката на семејствата на жртвите и гневот поради таквото злосторство. Рускиот народ мора да ја види вистината“,
напиша Макрон.