Зборувајќи пак во своето гостување во Утрински брифинг во однос на францускиот предлог, Стојаноска се пожали дека опозицијата не била вклучена во надворешните прашања
По вчерашните случувања во македонското собрание, односно инцидентот предизвикан од караницата меѓу претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, и групата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата, во кој летаа шољи, тацни и пластични шишиња, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостувањето во Утрински Брифинг го повика Адеми да си поднесе оставка.
„Арбер Адеми под итно според мене денеска треба да си поднесе оставка. Тој ништо добро не прави за пратеничката група на ДУИ, а е координатор. Јас денес воопшто не очекувам да го видам колегата Адеми во Парламент. Мислам дека тоа ќе биде тактиката на ДУИ. Вчера беа храбри да свикаат продолжение на истата таа 39-та седница на Комисијата за европски прашања, но на тоа продолжение не дојде Арбер Адеми, туку дојде неговата заменичка, којашто ја доврши намерата што Адеми ја имаше – тој на првиот прекин не успеа преку микрофон да изјави дека е усвоен дневниот ред и таа тоа го доврши. Значи истиот стил само со поладни глави,
изјави Стојаноска.
Во однос на францускиот предлог, Стојаноска се дека пожали опозицијата не била вклучена во надворешните прашања, прашувајќи кои се Димитар Ковачевски и Бујар Османи да преговараат во име на граѓаните.
„Ќе измине една година откако Резолуцијата ја усвоивме со консензус, и зошто после тоа преговараат. Зошто да преговараме? Дали бугарскиот парламент после нивната декларација се повлече од нивната црвена линија. Или ние ќе кажеме не овој предлог не во ваква форма. Но, дајте ни да го видиме и тој предлог. Кој е Ковачевски и Османи тие да преговараат во наше име?“,
нагласи Стојаноска.