На снимката објавена на државната телевизија се гледа како кран во пристанишниот град Акаба крева голем танкер од камион и потоа го фрла на палубата на брод, што доведе до експлозија и ненадејно ширење на жолт чад
Најблиската станбена зона е оддалечена 25 километри од местото на несреќата, а надлежните ги повикаа граѓаните да не излегуваат од домовите и да ги затворат вратите и прозорците
Најмалку 10 лица загинаа денеска, а околу 250 се повредени при истекување отровен гас на југот на Јордан, соопштија властите.
На снимката објавена на државната телевизија се гледа како кран во пристанишниот град Акаба крева голем танкер од камион и потоа го фрла на палубата на брод, што доведе до експлозија и ненадејно ширење на жолт чад.



Властите изјавија дека истекувањето од резервоарот се случило при транспортот, без да прецизираат што имало во цистерната.
JUST IN: 10 dead, over 200 hurt in poisonous gas leak in Jordan’s southern port city of Aqaba https://t.co/yt0xLxRCKd pic.twitter.com/TMvCYgUN8C
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) June 27, 2022
Државната телевизија објави дека 199 од 251 повредени се хоспитализирани.
Најблиската станбена зона е оддалечена 25 километри од местото на несреќата, а надлежните ги повикаа граѓаните да не излегуваат од домовите и да ги затворат вратите и прозорците.