Торнадото откорна покриви на четири куќи и ја урна фасадата на една куќа, соопштија надлежните и посочија дека „штетите се големи на неколку улици во градот“, службите за итни случаи сè уште го проценуваат влијанието на тој редок феномен
Торнадо го погоди холандскиот крајбрежен град Зирикзе, во југозападниот дел на земјата, при што загина едно лице, а десет се повредени.
„За жал, едно лице загина во торнадото, а првите извештаи велат дека се повредени уште 10“,
соопштија властите на провинцијата Зиланд.
Тие додадоа дека службите за итни случаи сè уште го проценуваат влијанието на тој редок феномен.
Торнадото откорна покриви на четири куќи и ја урна фасадата на една куќа, соопштија надлежните и посочија дека „штетите се големи на неколку улици во градот“.
Tromba marina en Zierikzee, Países Bajos ??? Avistada desde Colijnsplaat. (Jun 27, 2022) #Netherlands #waterspoutpic.twitter.com/VY5IDaO7rM
— ?????????35 (@QuakeChaser35) June 27, 2022
Телевизијата НОС објави дека торнадото ги однело ќерамидите од покривот на една од црквите, а трамбулините летале во воздух.
Секоја година се повеќе торнада ја погодуваат Холандија, но последното со фатални последици се случи во 1992 година.



