Најмалку две повредени лица се хоспитализирани, објави Кличко на Телеграм, додавајќи дека билансот на жртви може да биде поголем, бидејќи има луѓе заробени под урнатините
Четири експлозии одекнаа утрово во Киев. Зафатен е станбен комплекс во близина на центарот на градот и избувнал пожар.
„Целта на рускиот напад на Киев е да се заплашат Украинците пред самитот на НАТО во Мадрид од 28 до 30 јуни“,
изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко кој отишол на местото на нападот.
„Најмалку две повредени лица се хоспитализирани“,
објави Кличко на Телеграм, додавајќи дека билансот на жртви може да биде поголем, бидејќи има луѓе заробени под урнатините.
Експлозиите биле околу 6:30 часот по локално време, половина час откако се огласиле сирените.
Главниот град на Украина не е цел на руско бомбардирање речиси три недели.
Вчера, Украина објави дека руските сили „целосно го окупирале“ клучниот источен град Северодонецк, по неколку недели жестоки борби.
Така, Русија го контролира речиси целиот регион Луганск и поголемиот дел од соседниот Доњецк, два региони кои го сочинуваат огромниот индустриски комплекс Донбас.
Зеленски во ноќното вети дека ќе ги врати сите градови освоени од Русија.

„Денеска се одбележува петтиот месец од целосна војна. Ова е таква фаза од војната – морално тешка, емотивно тешка. Кога знаеме дека непријателот нема да успее, кога разбираме дека сепак ќе можеме да ја одбраниме нашата држава, но не ги чувствуваме временските граници на ова, не чувствуваме уште колку удари, загуби, напори ќе има пред да видиме дека победата е веќе на нашиот хоризонт“,
објави Зеленски на социјалните медиуми.