Според одлуката, од денеска секој ден во периодот од 6 до 20 часот ќе биде забрането движење низ шуми и шумски земјишта. Предвидено е одлуката да трае сè до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари
Воедно, во оваа насока вчера Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од утре Жичницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција
Од денеска во сила стапува делумната забрана за движењево шуми и шумско земјиште која е донесена по барање на ЈП „Национални шуми“, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Според одлуката, од денеска, секој ден во периодот од 6:00 до 20:00 часот ќе биде забрането движење низ шуми и шумски земјишта, а предвидено е одлуката да трае сè до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари.
Од ЈП „Национални шуми“ посочуваат дека оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.
„Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат“,
се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.
За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1 500 до 2 000 евра во денарска противвредност.
Воедно, во оваа насока вчера Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од денес Жичницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција.
Од ЈСП објавија дека времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.